петок 26 април, 2024
Почетна УМЕТНОСТ Археологија и етнологија Традиционални носии од дебарско-реканскиот крај, можат да се видат на отворената изложба...

Традиционални носии од дебарско-реканскиот крај, можат да се видат на отворената изложба во Манастирот свети Јован Бигорски

1902

Во Манастирот св Јован Бигорски, денот од големиот празник Иванден, кој е слава на овој верски вековен храм,  беше збогатен со изложба на стари традиционални македонски носии од дебарско-реканската етнографска целина.

Станува збор за 11 комплети најстари носии, коишто хронолошки можат да се следат од 17 до 19 век. Претставени се носии на Мијаците од областите: Река, Азот и Железник, како и носии од Дебарско Поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол и Горна Река,како и Мијаците Смилево, Крушево и Папрадиште.

Најголем број од носиите се невестински, но има и момински.

Изложбата поставена во манастирската галерија е плод на повеќегодишната соработка на бигорскиот игумен, Архимандрит Партениј, со ансамблот „Македонија“, предводен од неговиот уметнички менаџер, проф. д-р Владимир Јаневски. Изложбата ќе биде отворена два месеца, јули и август лето Господово 2019.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }