Улрих Мејер- Хорш со актерска работилница во Кино Култура

524

Улрих Мејер-Хорш, германски актер и режисер, кој има предавано низ Европа, Русија, Ерменија, Бразил, Јапонија, Уругвај, САД, во октомври доаѓа во Скопје. Во рамките на проектот „Мајсторски работилници по актерска игра и театарска режија“ во Кино Култура, а во организација наТеатарот на Навигаторот Цветко, Мејер-Хорш ќе одржи четиридневна работилница за професионални актери и студенти по актерска игра од втора, трета и четврта година ,со техниката на Михаил Чехов.
Учеството во овие работилници вообичаено се наплаќа, но македонските актери и студенти ќе имаат можност да присуствуваат бесплатно.

Модулот кој се обработува на работилницата е насловен „Актерството од вашата
имагинација“, а начинот за пријавување е преку испраќање на видео поставено на YouTube, не подолго од една минута, со одговор на прашањето „зошто сакам да бидам дел од работилницата“, на англиски јазик. Меилот на кој треба да се достави линкот од видеото е [email protected] , a рокот за пријавување е до 3 октомври, 12.00 часот на пладне.

Работилницата ќе се одржи од 12 до 15 октомври, од 10:15 до 17:00 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.