Струга по 58. пат го слави поетскиот збор-Отворени Струшките вечери на поезијата

697

Во градот на безверемнските Браќа Миладиновци,  Струга, вчеравечер се отвори  58. издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“, која оваа година ќе се  одржи од 21 до 26 август.

На отварањето,беше прочитана и поетската порака на истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој, по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј, во рамките на Програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет. Во насока на подигнување на јазичната комуникација како дел од заложбите за унапредување на квалитетот на манифестацијата, нејзиниот меѓународен углед и значење,од оваа година дел од содржините, како и главните читања, вклучуваат употреба на повеќе јазици, односно освен македонскиот и англискиот, се користат и албанскиот и францускиот јазик.

Во рамките на Програмата на годинашното издание на „Струшките вечери на поезијата“ се предвидени повеќе поетски читања на различни локации на кои ќе се претстават 32 странски и 30 домашни поети од различни генерации. Годинашна добитничка на „Златниот венец“ е романската поетеса Ана Бландијана, а добитничка на наградата „Мостови на Струга“ е Моника Херцег. Што се однесува на годинашниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, жири-комисијата, во согласност со постојниот Правилник, од пристигнатите наслови го направи изборот од пет книги и автори што ќе бидат претставени на манифестацијата и од кои ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамките на Програмата на манифестацијата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.