Почетна КУЛТУРА Светот на филмот Bечерва во Кинотеката, во рамки на „ПРО-ЗА Балкан“ проекција на „Медена земја“

Bечерва во Кинотеката, во рамки на „ПРО-ЗА Балкан“ проекција на „Медена земја“

502

Вечерва од 20 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов како дел од дополнителната програма на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.

Веднаш по филмот, публиката ќе може да проследи видеообраќање на хрватскиот писател Миленко Јерговиќ, кој е голем поддржувач на најуспешниот македонски документарец досега.

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ синоќа беше официјално затворен во Куршумли ан, каде што се реализира во изминатите три дена. Вообичаено, третата вечер на интернационалниот литературен фестивал беше посветена на лауератот на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон книжевноста на Балканот, која годинава ја доби големиот автор Исмаил Кадаре. Од оправдани причини Кадаре не можеше да дојде во Скопје, а наградата му беше испратена во Париз.

metropolis-big