Вечерва во МОБ – Балетска претстава „Жизел“ од Адолф Адам

72

Балетот во два чина „Жизел“ вечер ќе биде изведен на сцената на Македонската  опера и балет.

Со музиката на францускиот композитор Адолф Адам,  во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, „Жизел“ е безвременска приказна за несреќна љубов.

Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, диригент на претставата е Иван Еминовиќ, костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, а светло дизајн на Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи првенецот Васил Чичиашвили (Грузија), во улогата на Мирта – Ивана Коцевска, Хиларион – Игор Веланоски , селско па де де – Христина Наќевска и Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.