Во националната библиотека во Фиренца и книгите во карантин после враќањето

571

Националната библиотека на Фиренца, еден од најважните столбови на италијанската култура, чува сè што е објавено во земјата. Библиотеката беше затворена два месеца поради пандемијата на коронавирус. Сега библиотеката повторно се отвора и луѓето брзаат да ги вратат книгите што ги позајмиле пред карантинот.

Сепак, дезинфекцијата на книгите не е лесна, бидејќи хартијата е чувствителен материјал и не смее да дојде во контакт со детергенти.

„Сите материјали и тетратки што ги користат посетителите се чуваат на посебни места од безбедносни причини и се поделени во кутии во зависност од датумот на враќање. Остануваат во кутиите 7 дена“, вели во соопштението од Библиотеката  за „Еuronews“ заменик-директорот Ана Лукарели.

За првпат од Втората светска војна, библиотеката е затворена толку долго. Тоа не се случило ниту за време на катастрофалното прелевање на реката Арно.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.