Во Охрид се одржува Википедија тим билдинг

264

Охрид, 23 октомври 2021

Овие три дена во Охрид се одржува Вики тим билдинг, на координаторите на Википедија на македонски јазик во Организација на ГЛАМ МАКЕДОНИЈА.
Денеска во рамки на програмата има презентации на Наташа Неданоска раководител на Вики клубот во Охрид на тема Градење на партнерства и Валентина Трајкоска директор на ОУ “Климент Охридски” од Драчево на тема
“Википедија и врската со младите”.
Инаку дискусијата е темелна во насока на подобрување на содржините и едукативните компоненти.
Утре е предвидено да се зборува за сите аспекти на влијанието на википедија од најнегативни до најпозитивни. На темата ќе зборува Стојна Арсовска Доневска, наставничка од Старо Нагоричане.
Ова е во рамки на годишните програми на ГЛАМ Македонија и нејзиниот претседател Снежана Штрковска која над една деценија ги координира активностите на сите нивоа за Википедија во Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.