Во празната Катедралата Дуомо на 12 април Андреја Бочели ќе пее „за надеж“

521

 

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреја Бочели ќе пее на католички Велигден во празната катедрала Дуомо во Милано.

Настапот треба да биде „симбол на љубовта, заедништвото и закрепнувањето во ерата на коронавирусот“, како што вели најавата.

– Чест ми е и среќен сум што сум поканет од градот и од катедралата. Верувам во моќта на групната молитва. Верувам во Велигден. Тоа е универзален симбол на повторното раѓање коешто сега им треба на сите – и на верниците и на оние што не веруваат, вели славниот тенор.

Бочели ќе го придружува само катедралниот оргулист Емануел Вијанели а концертот ќе биде пренесуван на неговиот Јутјуб-канал од 19 часот на 12-ти април(недела)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.