Време за нови форми за култура- МОБ од вечерва овозможува опера и балет во вашите домови

581

Љубителите  на оперската и балетска уметност, почнувајќи од вторник, 7 април со почеток во 20.00 часот, на официјалниот YouTube канал на Македонската опера и балет,  ќе имате можност да ги погледнат  омиленитеоперски и балетски претстави.

Секој вторник ќе биде резервиран за балетската уметност додека секој петок ќе биде термин за љубителите на оперската уметност. За оваа цел ќе ја користиме алатката на јутјуб премиера која ќе и овозможи на нашата публика од целиот свет да се вклучи во магијата на оперската и балетската музичка уметност. За оние кои што не се во можност да ја гледаат дигиталната премиера на нашите претстави во реално време, секоја емитувана претстава ќе биде достапна 24 часа по првичното емитување.

Нашата земја, како и остатокот од светот, доживува многу тешко време, и иако не можеме да настапиме пред публика во живо, ние сме возбудени да ги споделиме нашите претстави дигитално и културно да ја поддржиме нашата публика за време на оваа криза.

Во месец април започнуваме со балетската претстава „Лебедово езеро” од П. И. Чајковски, потоа операта „Боеми” од Џакомо Пучини на 10 април, светската дигитална премиера на балетската претстава „Клеопатра” е закажана за 14 април, додека операта „Евгениј Онегин” од П. И. Чајковски е на 17 април. Балетот „Дон Кихот” е на 20 април, а на 24 април нашата публика ќе има можност да го гледа традиционалниот концерт по повод празникот Василица насловен „Disco fever”.

За распоредот на закажаните дигитални премиери следете ја нашата веб страна www.operabalet.mk, и претплатете се на нашиот официјален јутјуб канал www.youtube.com/user/makoib.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.