Watertec Macedonia- Водата е половина здравје а чистата вода цело

1850

Според истражувањата, кои постојано се вршат врз водата во целиот свет, еден резултат е заеднички за сите, а тоа е : Водата е најпотребниот елемент за живот не само на човекот, туку на целокупниот жив свет на планетата Земја„.

Cè што ти треба е малку вода 

Токму затоа, водата која е присутна во човековиот организам дури 70% од телесна тежина ни наложува постојано конзумирање и одржување на неговата виталност. Она што е  недостаток, е тоа што повеќето луѓе не пијат доволно вода бидејќи немаат навика, немаат достапност и многу често забораваат да се напијат вода, а со тоа не ја внесуваат потребната количина која му е потребна на организмот. Ова може да има и краткотрајни, но и долготрајни ефекти врз организмот затоа што нашето тело зависи од водата.

Затоа е потребно секогаш во просторијата да имате вода, која ќе ви биде лесно достапна, а Watertec Macedonia  е компанија која секогаш е тука да се потрудат, да ја добивате навремено, а  изборот кој ќе го направите од нивната палета на производи, сигурно ќе ги задоволи сите стандарди за квалитет како и различниот вкус при изборот на вода за пиење.

Патем, еден убав совет: Водата треба да ја  пиете рамномерно во текот на целиот ден – ако испиете огромно количество на вода наеднаш, водата само поминува низ вашето тело и не се апсорбира и тогаш нема соодветен позитивен ефект.

Диспанзер за топла и ладна вода

DPPU Watertec Доо Скопје е компанија која е создадена за да ги задоволи потребите на луѓето, да се прилагодат на се помодерниот и побрз начин на живот, вели Андреј Крстевски ,менаџер на компанијата. – „Со оглед дека водата е главниот дел на човековиот живот и поради се поголемите обврски како на работа, така и дома, ние решивме да создадеме услуга- бренд кој би Ви го олеснил и модернизирал Вашиот живот. Знаејќи дека човековиот систем за да функционира најдобро дневната потреба количина на вода му е од 1 до 3 литри, а денешниов систем на градски водовод е во се полоша состојба и содржината на водата е се потешка за пиење, ние решивме тоа да го сториме на полесен начин. Со water coller- те на Watertec, вие во секое време би имале технички исправна ладна и топла вода која се препорачува од сите медицински истражувања да се пие во што е можно поголема количина“-е објаснувањето за полезноста од користењето на овие апарати во домашни и бизнис услови.

Она што се наметнува секогаш како дилема е, дали и како би можеле да бидеме сигурни дека водата која ја пиеме е чиста?

Водата и кога излегува од прочистителната станица, како чиста и безбедна за пиење таа треба да патува преку подземни цевки кои честопати се стари, па знае да го изгуби својот квалитет. Watertec нуди производи кои ги задоволуваат најстрогите критериуми за квалитет и најсофистицирана технологија при полнење на бурињата како и херметички затворени се со цел да  испорачаат природна изворска вода во Вашата канцеларија или Вашиот дом. Затоа бидете сигурни ако ги користите системите на  Watertec!

Од компанијата порачуваат дека тие се тука за да имате една грижа помалку. Дозволете им да се погрижат за вашето здравје со навремена достава на вода за пиење.
За повеќе информации посетете ја страницата на http://www.watertec.com.mk

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.