За балетската претстава Ана Каренина

1324
Ана Каренина во МОБ

Балетот во два чина „Ана Каренина” со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, од месец декември е на редовниот репертоар на МОБ и предизвикува постојан интерес кај публиката.

Преку современите кореографски решенија, сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет, љубителите на балетската уметност имаат можност да гледаат едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина” на големиот руски писател Толстој.МОБ

Во оваа балетска приказна на познатото литературно дело учествува со динамична, моќна и емотивна игра ансамблот на Балетот .Во насловните улоги се  Марија Кичевска Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, Христина Накевска како Кити. Со придружба на секогаш прекрасниот Ансамбл во сцени кои делуваат многу силно воглавно с епренесуваат емоциите кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Балетската претстава ја доби и наградата Златна Буба Мара за 2018, за најдобра балетска претстава а ова лето и сезона се очекува да освојува и други сцени.

Ана Каренина во МОБ3

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.