За филмот „Тетовски самрак“-Како да се најде среќа и во најтешките состојби на преживување

1499

Вчеравчер, на вториот ден од 10-тото јубилејно издание на Македонкс, посетителите имаа ретка можност да ја проследат премиерата на филмот „Тетовски самрак“ од прерано починатата режисерка Билјана Гарванлиева, кој го довршил нејзиниот сопруг Мануел Цимер.

На платото пред Музејот на Македонија се одржи светската премиера на документарецот „Тетовски самрак“, кој Гарванлиева почнала да го снима со идеја да го раскаже животот на луѓето во Тетово после стресниот период од војната во 2001. Оваа војна се водеше на меѓуетничка основа, помеѓу Албанците и Македонците. Влегувајќи во тој свет успеала најреално да раскаже неколку парарелни приказни, секоја од нив убав камен во мозаикот насловен  „Тетовски самрак“. Ликовите се одлично избрани, секој со свој исклучителен дар во ова филмско дело, почнувајќи од главниот лик, оној, чии пет дена ги раскажува на филмското платно, неговите родители, оние што ги знае, не ги знае, паралелните приказни на други млади луѓе како и неговото заминување далеку од дома, за да си обезбедипристоен живот. Животот на младите кои го гледаат некаде далеку од овде, заради лошиот децениски систем во Македонија, каде има просперитет и живот само за партиските пулени и послушниците на било која власт. За сите други  е голо животот претставува голо преживување, темно мечтаење и барање макар и тронка надеж и среќа и во најтешките состојби.

Билјана Гарванлиева е неспорно, македонската режисерка на документарни филмови, чија работа и креативност во оваа област остави незаменливи трагови. Нејзините филмови кои најмногу се од Германска продукција „Шивачките“, „Девојчето бере тутун“, „Девојчето и нејзината хармоника“ , „После дождот“ и други, се записи од секојдневието, приказни кои ве трогнуваат, ве допираат со својата едноставност во раскажувањето но, секогаш со силна порака. Во фокусот на нејзиното документарно филмско творештво се приказните на децата, жените, обесправените, климатските промени кои ги нагласува, за етничките несогласувања, животот во војна каде актери се обичните луѓе, едноставно приказни од животот. Сведоштвата пред се на жените кои според неа се на некој начин обесправени и во македонскиот филм, на децата ,на сиромашните ..на сите оние кои животот им е голо преживување.

Вечерната програма беше отворена со изложбата во Чифте амам  „Љубените, Сеќавање на еден заеднички живот“, која содржи дванаесет портрети од Билјана Гарванлиева (1973-2016) и Мануел Цимер, направени со дигиталниот метод на т.н. „проширена реалност“.

Портретите се тестамент на нивната љубов во време на прераната смрт на Билјана. Кога прерано на само 43 години заминува една креативна личност, она што останува се делата што ги создала кои се за почит.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.