Интервју со Филип Крстевски фотограф – Од детска инспирација до животен предизвик

1156

Филип Крстевски  повеќе години се занимава со фотографијата и студира на насоката за текстил, дизајн и менаџмент.

Интервјуто го водеше Татјана Гогоска

Што претставува фотографијата за тебе?

-Фотографијата ми е најголемата мечта од детството со тоа што секој ден сум во потрага до совршена фотографија. Баш сум среќен што сонот ми стана слатка реалност a паралелно сум воодушевен од колоритниот свет на модата. Ке ви откријам како се роди љубовта кон фотографијата. Уште во основно образование во она слободно време по завршување на часовите размислував кој или што ке биде мој модел за тој ден? Така ги избирав моите другарки и ги фотографираф со моето прво фотоапаратче , мојата секојдневна играчка што не бегаше од моите креативни мали рачиња …

Во фотографирањето најмногу ме инспирира убавината и младоста затоа што се моја инспирација. Спомените од минатото допрениот, овековечен миг на фотографијата кој, потоа на свој начин го продолжува животот на тој момент и на идните генерации и е мој предизвик . Кога фотографирам портрети, се чуствувам најреализирано. Гримасите на лицето ако го набљудуваме ја раскажуваат приказната за секој човек , исто така повеќе се ангажирам околу арт фотографија, со тоа што имам доста објавени албуми на таа тема дел од нив се : Life is transformation , American Man , The girl with the BLUE hair, Конец на темнината.

Што точно сакаш да кажеш со нив и која порака би ја изнел?

Животот е низа, конец од постапки кои водат една кон друга, па се до целта. Можам да кажам најважно е дека квалитетот на фотографијата многу зависи од фотоапаратот, но окото е пресудно да го улови моментот на убавината за фотографирање. Многу ми е драго што успешно помина мојата прва самостојна изложба со учество на околу 60 тина фотографи исто така сум благодарен на посетеноста на гостите, и нормално се стремам кон нова моја самостојна изложба со уште по успешни фотографии …

Сум учествувал на неколку натпревари за фотографија. Исто така сум гостувал во повеќе тв емисии со тоа што имам две отворени покани за гостување во две тв емисии во Београд. Кога сме кај модата Модата е општ термин за популарен стил, особено за облека, обувки, модни додатоци, шминка итн … Мода се однесува на еден специфичен но сепак често вообичаен тренд во врска со тоа како изгледа и се облекува едем човек, како и преовладувањето на стилови во однесување. Често сум гостин на Модните Викенди во Скопје со тоа што оваа година имав повик за учество со изработка на сопствена креација воедно да се прикажи сето тоа на таа прекрасна гламурозна модна писта.

Каде досега Филип се претставил со својата уметност?

Неколку години со ред сум посетител на Trash Fashion – Скопје, со тоа што минатата година  манифестацијата беше организирана кај еден од Амбасадорите во неговата вила на Водно каде и имаше гости и надвор од земјата. Го сакам дизајнот и креациите, го сакам гламурот кај луѓето но за жал кај нас кога сме кај модата по ретко е застапен гламурот … Зборот гламур јас лично го користам кога сакам да опишам некого со убава надворешност . Често луѓето знаат да стават на себеси премногу разновидни не искомбинирани парчиња кои , или премногу накитени па тоа би го нарекол КИЧ …

Денес сме 21 век каде луѓето живеат во свој замислен свет, каде модата е по напредна и сите сакаат да бидат убави и млади. Ги поддржувам сите тие естетски промени кај луѓето со тоа што јас го сметам тоа за голем напредок, но се разбира тоа да не биде претерано, за се има граница до каде и колку нештата треба да се прават.

Филип Крстевски  го завршивме разговорот со неговата девиза: Додека им го крадете имиџот бидете креативни и изградете си свој верувајте многу е по вкусно … ! Секогаш светот генерално припаѓа на младите и треба да се поддрж

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.