Промоција на Монографија „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски

4
На 8 април со почеток во 19:00 часот на големата сцена, а во рамките на 77. годишнина од постоењето на РСМ НУ Македонски народен театар, ќе се случи промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски.
Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес.
Проектот на театарскиот фотограф, Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата – Македонски народен театар, а во монографијата како автори на есеите се потпишуваат: Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.
Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.