Почетна КУЛТУРА Опера и балет Балетската претстава за деца „Петар Пан“ во сабота на радост на најмладата...

Балетската претстава за деца „Петар Пан“ во сабота на радост на најмладата публика во МОБ

922

Во сабота 8 февруари 2020, со почеток во 12 часот, во Македонската  опера и балет ќе се одржи популарната балетска претстава за деца „Петар Пан“.

Петар Пан е палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Кореограф е Џејмс Амар (Франција). Настапуваат балетски солисти и ансамблот на Македонската опера и балет

metropolis-big