Денес: Регионален натпревар „Млади библиотекари“

44

Денеска, 7.04.2023 година, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учество пријавија 14 ученици од Основните  училишта во Охрид и општина Дебрца.

Тестот за натпреварувачите ќе се состои од 20 прашања на кои писмено ќе одговараат за време од еден час Натпреварувачите ќе
се потпишуваат со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот.
Победникот од натпреварот ќе се стекне со право на учество на 22.
Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој во организација на Библиотекарското здружение на Македонија годинава ќе се одржи во библиотеката „Искра“ во Кочани на 12 мај.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.