ЕКСКЛУЗИВНО: КулАрт на Денот на Македонскиот јазик на Велигденска прослава во црквата Свети Наум во Малме

63


Специјално од Малме: Валентина Ѓоргиевска Парго
5 Мај 2024

По повод Велигден и прославата на овој најголем православен христијански празник, уредничката на КулАрт престојува меѓу Македонците во Малме и ја проследи прославата во храмот Свети Наум каде се одржа големата литургија и молитва.
Бидејќи денес 5 Мај е и Денот на Македонскиот јазик, честитка за Македонците упати и протоереј-ставрофор Блажо Козарски, кој богослужеше и ноќна и дневна богослужба.
Во оваа прилика му беа врачени двете книги во авторство на Парго “Македонијо, гордост моја” посветена на авторот и текстописец Ѓорги Ѓорги врски Ме земе и “Тој, сиот беше музика” посветена на Јанко Узунов.
Македонците во Малме го зборуваат македонскиот јази, а и ги учат и своите нови генерации, своите деца и внуци, кои го владеат јазикот исто како да се родени и пораснати во Македонија.

Патувањето е овозможено од ТА. Џина Брага Сиднеј и медицински центар “Холиомедика”- Скопје

Медиумска соработка: Симе Георгиевски- Радио Преспа и Скидроу Сиднеј, Живко Поповски Цветин- Здружение “Гороцвет”, Татјана Гогоска- портал за култура “КулАрт”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.