Филмот “Небеса” на Срѓан Драгојевиќ на 23 февруари пред гевгеличани

21

На 23 февруари, 2023 година, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во Народниот театар- Гевгелија ќе се прикажува филмот „Небеса“. Емитувањето ќе започне во 19:30 часот. Билетите чинат 150 денари, а веќе се пуштени во претпродажба и можат да се купат во Народниот театар, во периодот од 8 до 16 часот и на самиот ден, пред почетокот на прикажувањето на филмот.
Имено, „Небеса“ во режија на Срѓан Драгојевиќ“ е црна комедија инспирирана од трите приказни на францускиот писател, Марсел Аиме. Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година. Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива.
Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост, всушност, клетва? НЕБЕСА е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори, туку им остава на гледачите слобода сами да размислуваат за нив.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.