ФОТОГАЛЕРИЈА : “Палјачи” како вистински мјузикл

51
Exif_JPEG_420

Скопје, 28 јануари 2023 година

Весело, шарено, разиграно, како прекрасен спој на барок и модерното време, фантастични изведувачи и фантастични костими- како мјузикл.
Така изгледаше изведбата на драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, синоќа на сцената на Националната опера и балет во Скопје. И не случајно го сметаат за ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство…
Вреди да се погледне и да се биде дел од овој прилично забавен, лесно прифатлив, фин за сите сетила, питок сценски спектакл, кој во 100-тина минути е интересен од самиот почеток до самиот крај.
Настапија околу педесеттина учесници на сцена, оперските пејачи Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Драган Ампов и хорот и оркестарот на Национална опера и балет. Балетските точки ги изведоа балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.
Се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографија е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Јане Бакевски, хор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
А, вреди да се изгледа и на реприза!

Фото: Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.