Гевгелија: На 4 ноември, гостува Национална опера и балет

22

На 4 ноември, Оперскиот и Балетски ансамбл при Националната опера и балет, по повод одбележувањето на 7 Ноември, во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостуваат со „Болеро“ и „Оперски концерт“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Концертот на НОБ ќе започне во 20 часот. Гевгеличани, во првиот дел, ќе имаат можност да ги проследат и да уживаат во балетската изведба на „Болеро Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, за која со свој мисла ќе истакне:

– Танцот е прослава на движењето и движењето е одговор на музиката, магнетни сили кои обединуваат групи, а силите на ритамот го носат телото низ просторот. Имајќи ја оваа идеја, ги
гледам играчите како музички ноти кои патуваат низ времето и просторот. Музиката е основата, а телото е инструментот. Како што сликарот ја користи четката на платно, скулптурот своите раце или писателот, исполнувајќи ја секоја празна страница со зборови. Танцот е форма за комуникација, збир на моменти и
искуства преку кое креативно и емотивно се изразуваме, еден вид
молитва која ја издигнува душата до нејзино целосно исцелување.
Во вториот дел, публиката ќе ужива во Гала-концерот на четирите солисти од Оперскиот ансамбл, во придружба на пијано:
Ана Ројдева, Злата Тошеска, Александра Лазаревска- Василевски
и Павлина Новакова- Георгиева. На програмата се застапени оперски дела од: Боито, Глук, Пучини, Верди, Маскањи, Белини,
Гуно, Делибес, Доницети и Штраус.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.