Годинава “Анимакс Скопје Фест” на 21 и 22 декември

16

Скопје, 18.12.2023 – „Траење…“ – ова е мотото под кое се одржува четиринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест. Ако нешто трае четиринаесет години, има со што да се пофали и секако има на што да се надева, да си трае до некои подобри времиња.
Проекциите ќе се одржат во Кинотека на С. Македонија, на 21 и 22 декември со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.
Оваа година официјалната селекција е сочинета од 30-тина анимирани филмови, одбрани од над 1800 пријавени остварувања од целиот свет.
Селектор на овогодинешното издание е Диме Ратајковски, а членовите на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена Тула се Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ.
На Анимакс низ годините продефилираа аниматори и уметници од Шпанија, Канада, Полска, Русија, Хрватска, Италија, Португалија и други земји, го запознаваа културниот живот во Скопје разменуваа искуства преку, работилници и мастер класови кои беа посетени од млади уметници но и од великани на македонската анимација како што беше Дарко Марковиќ.
„Низ годините битисување на Анимакс пристигаа илјадници анимирани филмови од цел свет, неретко практично скоро без исклучок на Анимакс се наградуваа или беа селектирани во официјална конкуренција анимирани филмови кои истата година добиваа Oскари или други престижни награди. Антиципацијата за уметничкиот квалитет, универзалност и креативен потенцијал секогаш биле препознаени на Анимакс од стручното жири “, вели Кузман Кузмановски, директор на фестивалот.
Детската програма оваа година ја поместуваме за на лето, за да продлжиме да траеме.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.