Почетна КУЛТУРА Литература Гостување на Битолски книжевен круг во Гевгелија

Гостување на Битолски книжевен круг во Гевгелија

23

15.12.2023

Прво гостување на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“ во Гевгелија денес, во 19 часот во малата сала во Народен театар – Гевгелија.

Во рамки на настанот ќе стане збор за историјата на оваа писателска асоцијација, нејзините книжевни и периодични изданија, како и за манифестациите и настаните во нејзина организација.

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола е здружение во кое на доброволна основа се здружуваат и членуваат писателите, заради остварување на своите професионални, авторски и други заеднички и индивидуални права и интереси, и за унапредување и афирмирање на литературното творештво во Битола.

„Битолски книжевен круг“ од 2001 година двапати годишно го објавува списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, а ја организира и манифестацијата „Битолски книжевни паметења“.

Повеќе информации за оваа писателска асоцијација се достапни на порталот https://bkk-pisateli.mk.

metropolis-big