Иницијативата за департизација во културните институции сеуште е на почетната точка

413

Се уште нема разрешница за  случајот Струмички театар, кој во јавноста стана препознатлив  поради партизација во институциите од културата.  И по три месеци, актертите чекаат антикорупциска  да се изјасни по повод одлуката, за генерален директор на НУЦК „Антон Панов„ да се назначи професор по физичка култура. Не добија ниту одговор на писмото кое пред една недела и го доставија на министерката во кое бараат нејзина оставка, која целосно ги игнорира актерите од струмичкиот театар како културни работници.

Актерите не отстапуваат од своето барање, министерката да го отповика Бубев и на негово место да се назначи нов директор кој ќе биде со соодветно образование и признанија.

Струмичките актери влегоа во фокусот откако за генерален директор на Центарот за култура министерката го назначи Васил Бубев, наставник по физичко и поранешен директор на градинка. Актерите незадоволни од таквата одлука  јавно ги презентираа документите од апликацијата на Бубев и оганизираа протести.

 

Иницијативата „Фискултура или култура„  која бара департизација во културните институции е поддржана од над  320 културни работници од Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.