Интервју со Иван Јерчиќ, директор на Битолски народен театар- Ќе твориме театар, се додека го имаме сјајот во очите!       

3004
Интервјуто со Иван Јерчиќ, директор на Битолски народен театар, за kulart.mk  го направи новинарот Валентина Ѓоргиевска -Парго
В.Г. Парго- “Да се биде  или? ” на “Битола Шекспир Фестивал” е веќе разрешена дилема, зошто тоа е веќе прашање на вкус и добро домашно воспитание. Модерниот битолски Хамлет, веќе рековме, не оддолева на овој современ театарски фестивал, со кој културна Битола доживува процвет, веќе седми пат. Последните две години фестивалот е под водство на актуелниот директор на Битолскиот народен театар, младиот и успешен актер Иван Јерчиќ, со кого за време на фестивалот позборуваме на таа тема. Но, и за општиот амбиент  и планови на Битолскиот театар, кој важи за една многу значајна културна институција,  еден голем уметнички храм во сиве изминати децении на своето постоење.,наш голем културен амбасадор. 
И овој Шекспир повторно ја расцвета Битола. Самиот шекспировски збор, шекспировска дума, па дури и извик, и воздишка, е доволна голем предизвик, доволно голема провокација, да се (до) живее од сите страни на сцената. Умее да прошета по ганглии. Овој пат уште поголем адут беше исклучително квалитетната програма, прикажана на фестивалот од 23 до 28 јуни.,2019 година Како прв човек, заедно со уметничкиот раководител Илина Чоревска, напишавте многу убава посвета, да ја парафразираме, за вовед. 
-„Се претпоставува дека доколку светот и човештвото целосно бидат уништени, целата наша цивилизациjа каква што денес jа познаваме би можела да се пресоздаде и да се реконструира само врз основа на делата на Вилиjам Шекспир. Неговиот гениj, талент и визиjа до ден денес останале ненадминати. Оваа година на Битола Шекспир фестивалот си “имаме работа” со исклучително интересна програма.Шесте претстави во главната програма нудат микс од дисциплини и театарски изразни средства како што се современата драматургиjа, танцот,. перформансот и естетски силната сценска визуелизациjа. Инспирирани од гениjот, авторите ни нудат еден Шекспир коj е соџвакан, рециклиран, коментиран, допишуван, препишуван…Доjдете да гледаме театар, да оценуваме, да разговараме, да спориме, да се воодушевуваме… In the end truth will out…Се додека го имаме сjаjот во очите”. 
                                                                                                   
 В.Г.Парго –Еднонеделниот репертоар имаше разновидност и даде различни видувања на неколку Шекспирови дела,, преку глума, балет, сонови, интерпретирани од разни театарски ансамбли, од Македонија, Италија, Романика… Бевте покомотни со финансиите, добивте повеќе средства?
-Ние годинава не добивме повеќе средства од минатите години, можеби и помалку, но сепак сосема доволно. Затоа што, поучени од претходните години, пристапивме на кон принцип на апликации, апликантите да се на јасно што им покрива фестивалот, за да не дојдеме до некакви недоразбирања. И врз основа на тоа составивме една квалитетна програма. Секако дека повеќе  пари секогаш се потребни , но јас мислам дека со добар менаџмент  и со добра распределба на паричните средства може да се направи интересен и квалитетен фестивал. Само битна е константната поддршка. Битно е сите институции и сите фестивали во државата кои се случуваат, независно дали се театарски или не, горе долу да знаат отприлика со какви средста би располагале следната година и врз основа на тоа да го кројат својот буџет. Тука треба исто да се повикаат и спонзорите, покровителите, финансисерите кои што би вложиле, и кои што според мене би се  чувствувале и самите тие многу, многу поубаво доколку одвојат средства за културата. Мислам дека моментално во Македонија културата е производ кој што може да се извезува на голема врата, и е нешто од кое што ниту можеме, ниту треба, ниту смееме да се срамиме, така што мислам дека потребно само поголемо вложување. Секако повеќе средства се секогаш повеќе добредојдени.
В.Г. Парго- Медиумите годинава ставија акцент и на тоа што самиот театар–домаќин, немаше своја претстава, меѓутоа додека се одвиваше фестивалот течеа продготовките на една исклучителна и светски позната претстава, во чија екранизирана верзија глумат Мерил Стрип и Џулија Робертс . Вие немате улога, не ве гледавме на проба? 
-Не, јас нема да играм  во претставата на Драгана  Милошевска, која се подготвува”Авг уст во округот Осејџ”  и поради зафатеноста со фестивалот а и поради подготовката на новата програма за 2020 година, така што одлучив целосно да се посветам на тоа.
В.Г. Парго- Не сте од оние директори што си даваат главни улоги?
-Не, не, не, не (се смее). Јас дури и пробувам  паралелно да ги истерам и двете работи  и да не заборавам на мојата примарна дејност актерството, но некогаш ми се собираат повеќе обврски, така што планирам до крајот на овас година да се посветам исклучиво на менаџментот. Во една претстава годишно можам да играм, во повеќе не.
В.Г. Парго- Каде ви е  подраго, на сцена или во канцеларија? 
-На сцена ми е подраго, во секој случај, и не сакам ова да звучи како некоја флоскула, но сепак ми е драго исто така и од оваа другата страна, кога луѓето го препознават тоа, го препознаваат мојот личен ангажман, идеја и начинот  на кој што сакам да ја спроведам. Така што, кога ја работиш својата работа со љубов, убаво е од било која страна и да се наоѓаш.
В.Г.Парго- Многу ми остави впечаток  информацијата од ерменскиот режисер и директор на ист ваков фестивал Каро Балијан дека кај нив во последно време најбројна публика се младите. Вие како млад директор, си поставивте ли за приоритет враќање на младите на столчињата за посетители во театарот?
-Па секако, најмногу затоа што во изминатитв години, најмногу поради влијанието на електронските медиуми и на електронската уметност воопшто, филмот, телевизијата, сериите, видео игрите, театарот ја загуби својата публика. Со ова никако не мислам да ги амнестирам театарските работници воопшто, бидејќи интересот за театар се гради уште од мали нозе, а кај  нас посебно во делот на детскиот театар и правењето на детски театар  ни недостасува таа методологија, која што ќе воспитува публика и која што ќе ја натера публиката и понатаму да го засака театарот, како расте така и таа да созрева заедно со театарот, односно театарот да може да опфати една поголема целна група на млади луѓе. Ние во последните 15-тина години слободно можам да кажам имаме проблем со младата публика и секако дека приоритет ни е нејзиното враќање во театарот. Мене ми е особено драго што младите во Битола почнаа поинтензивно да  се интересираат за театар, последниве неколку години и дека полека полека таа публика се враќа. Можеби како најважен фактор би го споменал и образованието, во Битола во моментот има расположение од неколку професори и наставници по македонски јазик пред се, на некој начин да се имплементира театарот во образованието, па макар да е тоа со слободни часови по драма, театар, драмска литература и така натаму. Така што,мислам дека ќе добиеме некакви резултати. Процесот е долготраен, макотрпен, но се надевам дека со вистинската методологија, и пред се со вистинската понуда дека ќе најдеме начин да ја вратиме публиката.
В.Г.Парго– На многу генерации првиот допир со театар како деца им бил токму Битолскиот театар, и јас сум од нив. Им се одушевувам на актерите, на Бабецот. Во тој контекст беше преубава глетка да се видат околу 30-тина дечиња на пладневната работилница  што ја имавте организирано во фоајето на театарот. 
-Да, ние оваа година сакавме да делуваме во таа насока, всушност и тоа што се содржи во мојот претходен одговор. Тргнавме со една офф програма, фестивалот нема наградувани карактер, но до дадовме придружна програма. Ја поканивме Билјана Крајчевска, нашиот драматург, и нашиот шминкер Сашо Мартиновски да одржат работилница за деца од предучилишна со гимназиска возраст, на тема „Измисли го Шекспир”. Имавме супер посетеност. На сцена играа гимназијалците од “Јосип Броз Тито” од Битола со една нивна мини претстава на англиски јазик I hate Shakespeare, на тема од Шекспир, која што самоиницијативно ја подготвија за својот патронат. Ги имавме и студентите од факултетот ЕФТА со “Шекспиријада” од Дејан Пројковски, така што всушност и со тоа сакаме да покажеме дека таа млада група на млади луѓе ни се целна група   која сакаме да се врати во театарот, да го впива. 
В.Г Парго– Јас лично верувам бидејќи сте мошне млад и и воедно мошне успешен човек дека ќе го направите тоа.  Надалеку е познато дека овде жителите во принцип се традиционално определени за културата. Во рамките на сето тоа пошироко театарско заживување имате ли дополнителна  некоја стратегија да ги анимирате и можеби специјално да ги поканувате угледните битолчани,  заинтересирани за уметност?
-Видете. Од една страна се разбира дека постојат социјално ранливи категории луѓе кои не можат да обезбедат билет за претстава и ние секогаш им излегуваме во пресрет . Во Битола во театарот билет за премиера чини 200 денари, а за реприза 150 денари. Значи ако сакате да ги изгледате сите претстави кои се во текот целата година во Битолскиот театар треба да  одвоите  максумум 1.000 денари за сите премиери, додека за репризи 750 денари. Имаме популарни цени на билети. Мислам дека би се согласил за поканување на угледни уметници . Има такви луѓе овде, Битола порано беше град со традиција на одење во театар, барем за премиери, но мораме да се соочиме со фактот  дека населението во Битола во огромна мера  е со намален број, ние во годините имавме 13-15.000 гледаќи за една претстава, сега публиката се сведе на 7-8.000 за театарска претстава. И тоа е реален и огромен проблем. Сепак смената е и структурата на луѓето кои што доаѓаат во театар. Секојдневните обврски, реков и присустото на  сите медиуми наоколу и дигиталните уметности, си го направија своето. Но сепак мислат дека театарот како една комплетна уметност ќе се врати и публиката ќе се врати во театарот.Добра е и идејата за поангажирана посетеност од страна на уметничкиот круг. 
В .Г. Парго -За битолскиоот театар е познато и не само во круговите кои се инволвирани во културата дека е еден исклучително квалитетен ансамбал со тарадиција, наш голем амбасадор, меѓутоа ненаметлив театар, исклучиво посветен на својата дејност. Бидејќи тука има актери и луѓе кои со генерации се вклучени во овој колектив,  би прашала дали повозрасните  колеги ви помагаат со совет, со логистика, со поддршка, нешто што е многу битно зда успее еден директор, менаџер. 
-Јас најдов една прекрасна состојба тука во Народниот театар Битола кога  ја превзедов функцијата менаџер. Имам апсолутна поддршка од сите колеги, ме поддржуваат во работата, особено повозрасните колеги секогаш се отворени за совети.
Сепак тоа се  искусни актери и големи легенди од типот на Борис Чоревски,  Петар Мирчевски… Па сепак и од бившото раководство тука е и  Валентин Светозарев. Јас не наидов на никакви пречки во плановите кои што сакам да ги остварам и за тоа сум благодарен,  бидејќи е убаво како што и самате рековте самиот почеток да не биде со пречки, опструкции, кочници. Напротив, сето беше на огромна добра волја. Битолскиот театар е театар кој без никакви наводници може да се нарече машинерија, која што има високо развиена техниќко – технолошка екипа. Внатре има многу луѓе кои што знаат како се прави театар, кој што го разбираат процесот на правење театар, ги знаат сите” цаки” и  е огромно задоволство да се работи со такви луѓе.
В.Г.Парго- Уметноста е навистина препознатлива форма во која живеете,  забележав театарот ви го облагодоруваат и уметничките декорации и исцртувања од страна на вашиот ликовен уметник Горан Спасевски. И ова е сама за своја душа, не од комерцијални причини, не е да се покаже некому нешто,чисто за вашето уживање.
-Тое е уште една од работите која во претходното прашање заборавив да ја споменам. Овој театар се заснова на домаќинско работење, низ целото време, барем од кога сум јас тука а тоа е повеќе од 20 години. Луѓето во театарот кои се вработени се грижат за овој театар како за свој дом.Нема катче или дел од театарот кој не е среден, можеби постојат и такви да не бидеме баш до толку нескормни. Меѓутоа сепак луѓето својот работен простор си го одржуваат и средуваат  во согласност со нивните потреби, и во делот каде што се нивните гримиорни се е средено и секој се грижи домаќински. Тука ние сме отворени за секакви идеи, во рамките на тимот, разговараме, се договараме. 
В.Г.-Парго –Отворени сте за нови глумци,  професионалци и аматери? Има луѓе кои не се актери но сакаат да се најдат на сцена.
-Моментално околу театарот гравитираат неколку наши колеги студенти и дипломирани актери кои чекаат вработување, се надеваме дека ќе пробаме да издејствуваме нови вработувања. Од техничко технолошки апект сме екипирани, но сме отворени за добронамерници. Целиот театар брои 90 врабтенио 32 актери .
В.Г.-Парго- Колку претстави имате годишно, барем за оваа година?
-Како нови наслови добиваме 4 нови претстави и Шекспир фестивалот е како петти  наш проект, и нешто низ годините бидејќи работиме со сопствени средства, таа бројка доаѓа до 7 до 9 престави годишно, зависно како сме расположени. Инаку, играме околу 200 претстави годишно, прилична бројка, речиси секој ден, ако се изземат празниците , викендите и годишните одмори.
В.Г.Парго-Вие колку улоги имате одиграно, која ви била најомилена?
-Имам одиграно над 50 улоги, едно време престанав и да ги запишувам во биографијата. На сцена сум веќе 21 година, во 1998 беше мојата прва професионална претстава, како студент  “Декамерон” во режија на Александар Морфов, и секогаш на ова прашање  и така одговарам  таа беше мојата прва професионална улога , која ми е и најдрага.
Сиtе меѓу себе сте и пријатели не само колеги, што најчесто муабетите во театарското   бифе?
В.Г. Парго –Гледам имате некој интересен принцип на влези излези, напиј се кафе, помуабеи, ..
.
-Се повеќе се враќаат муабетите за театар, што ми е посебно драго. Јас ги паметам годините кога во театарското бифе се разговараше само и единствено за театар, се водеа главните полемики и кавги околу процесот на правење на една театарска претстава.
Тоа време се враќа што ми е посебно драго. Луѓето се заинтересирани, разговараме за театар, спориме за  театар, и низ преку тоа се гледа идејата на луѓето на вработените дека на крајот на краиштата сите од нив го сакаат единствено доброто на овој театар.
В.Г.Парго-  Оваа година ќе имате патувања надвор од Македонија?
-Веќе остваривме едно патување во Сомбор во Србија на театарскиот маратон. Требаше да патуваме за Темишвар, но тие ни откажаа поради скратување на буџетот. Она што со сигурност можам да го најавам е гостувањето на Охридско лето, на 25 јули со” Бакхи, краток преглед на распадот” и гостувањето во Будва- град театар на 10 авгyст. И до крај на годината имаме две поголеми патувања кои се наѕираат, но за тоа потоа.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.