Ивона Куноска од Пештани- најдобар „Млад библиотекар “ за 2023

30
На 7 април во организација на НУ Библиотека ,,Григор Прличев” во Охрид се одржа Регионалниот натпревар ,,Млади библиотекари.
На натпреварот беа поканети сите Основни општински училишта од Охрид и Дебрца а се натпреваруваа ученици и ментори од 6 училишта, со вкупно 13 ученици.
На 13 април беа објавени резултатите од натпреварот на кој Комисијата
во состав: Никола Ристовски- претседател, Бети Лазеска– Симоноска и Христина Трпеска- членови соопшти дека најсолидни одговори на
тестирањето покажала ученичката Ивона Куноска од ООУ ,,Св. Наум Охридски”- Пештани. Таа освоила 84 од вкупно 100 поени. Наставник-
ментор на ученичката е Емилија Митреска.
На сите натпреварувачи и ментори во знак на благодарност НУ Библиотека „Григор Прличев“ им додели благодарници и книги, а првонаградената Куноска на 12 мај ќе учествува на Државниот натпревар ,,Млади библиотекари”, кој ќе се одржи во Кочани.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.