“Јанѕа” доживеа премиера

47
На 19 април 2023 година, во Кино Милениум, се одржа премиера на долгоочекуваниот долгометражен документарен филм „Јанѕа“ за Блаже Конески, работен според мотиви на  „Дневник по многу години“ од големиот Конески.
Филмот, како сценарист и режисер го потпишува Никола Т. Калајџиски. Стручни консултанти при снимањето се професор д-р Људмил Спасов, актуелен претседател на Советот за македонски јазик, и д-р Елена Јованова- Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, додека со свои изјави учествуваат и уште 25 универзитетски професори, македонисти, лингвисти, академици, научници, познавачи, како и претседателот Стево Пендаровски.
Филмот е подготвуван и сниман во период од три години на разни места во земјава, а користени се и архивски материјали од Македонската радио телевизија, МАНУ и од Кинотеката на РСМ.
Монтажата и постпродукцијата траела цела година, со оглед на обемноста на снимениот материјал, монтажата е на Аристид Филактов.
Кинематографери се Дејан Димески и Петар Кочишки.
Композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски.
Продуценти се Златко Димески и Дејан Димески, филмот го изработи „Контраст филм“, а се реализираше со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија и со лично залагање на претседателот Пендаровски .
Авторот Т. Кајалџиски на премиерата изјави дека филмот го правел со намера да има обединувачка моќ.
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.