Книжевен портрет на Ефтим Клетников во Гевгелија

22
На 11 април (вторник) во 13:00 часот во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи книжевен портрет на познатиот
македонски поет, книжевен ликовенкритичар, есеист и преведувач Ефтим Клетников.
Клетников (роден во с. Негрево, 1946 год.) е едно од најзначајните поетски имиња во својата генерација. Во 1969-та година дипломирал на Филозофскиот факултет во
Скопје. Имал студиски престој во Париз (1979/80) како стипендист на француската влада. За своето творештво кое вбројува над 20 стихозбирки, Клетников е лауреат на бројни значајни домашни и меѓународни награди, меѓу кои и наградата на Президиумот на Меѓународната академија ЗАУМ во Русија и наградата „Леополд Седар Сенгор“ од
Европската академија за поезија, литература и уметност со седиште во Париз. Член е на македонскиот ПЕН центар, каде ја извршувал и функцијата секретар. Работел како новинар и книжевен уредник, а бил и директор на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Поетски збирки: “Модер вир”, “Зраци и самраци”, “Окото на Темниот”, “Песни за Огнен”, “Икра и крило”, “Гласови”, “Триок”, “Магновенија”, “Маж и жена со лице спроти ѕвездите”, “Прасјај”, “Троја” и други.
Поезија за деца: “,Кула со златно ѕвоно”, “Златна рипка”, “Море во сонот”, “88 песни за месечината”, “Сончеви песни”.
Есеи и критика: “Орион”, “Јатка”, “,Во потрага
по целината”.
Има подготвено неколку антологии на македонската поезија. Препејува од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик. Неговата поезија е застапена во голем број антологии и преведена е на неколку јазици.
На книжевниот портрет во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија со свое излагање за книжевните достигнувања на Клетников ќе се обратат директорот на библиотеката, македонскиот писател Стефан Марковски и младиот македонист Пепи Стамков.
Модератор на настанот е Емилија Старделова, а во рамки на истиот ќе има настап и пејачката Теодора Гошева– Теда.
Стихови од Клетников ќе интерпретира Петар Јанчев.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.