Културна соработка меѓу КИЦ-Битола и КИЦ- Подгорица

24

На 18.11.2022 година во 12 часот во Свечената сала – Офицерски дом на ЈОУ Културен и информативен центар – Битола, ќе се одржи настан од меѓународно значење, чин на потпишување на договор за соработка, меѓу Културно – информативниот центар во Подгорица, Црна Гора и Културно и информативен центар – Битола, Македонија.
Во интерес на заедничка соработка и организирање на културни манифестации меѓу двата града, Меморандумот ќе биде потпишан од директорките на актуелните институции г –ѓа Лили Бошевска и г-ѓа Снежана Бурзан. На средбата ќе присуствува Н.Е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора, г –дин Милорад Андријашевиќ , како и претседателката на Советот на општината Битола г-ѓа Габриела Илиевска и заменик градоначалник г-дин Бојан Бојкоски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.