„Лебедово езеро“ од Чајковски на 5 април

46

 

На 5 април 2024 година со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски. Ода за моќта на љубовта!

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета/Одилија ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ротбарт е Балаж Лочеи (Унгарија), Па де труа: Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Ендру Кук (Англија). Сценографијата и костимографијата  се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетска класика „Лебедово езеро“ ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.