Летна филмска програма во Музејот на современа уметност

332

Од денеска (17 јуни) почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност. На тремот под отворено небо во следните четири месеци, публиката ќе може да проследи десет креативни документарни филмови.

Летното кино ќе биде отворено со кинеско-американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S.Leo Chiang, кој досега е прикажан на повеќе светски фестивали и добитник е на многу награди.

Следната проекција ќе биде на 24 јуни кога ќе биде прикажан филмот „Музејски град“ на режисерката Џенидер Треинер, една од основачите на Музејот на современа уметност во Масачусетс.

Сите проекции на летното кино, како што најавуваат организаторите, ќе се одвиваат според пропишаните протоколи за услови на пандемија.

Влезот е слободен, а капацитетот е ограничен на 50 седишта.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.