Лидија Вукиќевиќ подготвува претстава во Македонија

169

Популарната актерка од бившите ју простори Лидија Вукиќевиќ подготвува хит претстава во Скопје. Станува збор за хит комедија која е насловена “Обвинителка”. Во оваа урнебесна комедија која режијата ја потпишува актерот Сашо Ристовски, играат: Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова- Черних и Сашо Ристовски.
Вуќичевиќ ја игра главната улога – Обвинителката во оваа урнебесна хит комедија која го отсликува денешниот систем, не само кај нас, туку и во регионот.
Оваа хит комедија е резултат на соработка помеѓу уметници од нашата држава и Србија.
Спојот на уметници и соработници од двете држави треба да се зајакне, културата обединува, а преку хит комедијата “Обвинителка” ќе го прикажеме пред публиката кај нас и во регионот тоа. Како е да се работи во обвинителство? Како е да се биде обвинителка? Како е да се биде обвинет? Како да се спасиш од обвинение? Тоа се дел од прашањата кои ќе бидат одговорени низ урнебесните комични ситуации во претставата- ни изјава режисерот и актер Сашо Ристовски
Премиерата на комедијата “Обвинителка” е закажана за 29 март во Центарот за култура,”Ацо Шопов” во Штип, а потоа следува турнеја во неколку градови во Македонија, а се разговара и преговара за изведби и во Србија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.