Библиотекарката Драгана Типсаревиќ од Краљево гостува во Охрид

10
Утре, петок во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од 14 часот ќе гостува библиотекар советник Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. Таа ќе одржи интерактивно предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“.
Драгана Типсаревиќ е библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево. Таа  е  добитник на сите престижни награди од областа на библиотечното работење во Р. Србија за имплементација и реализација  на значајни библиотечни програми во државата и пошироко, какао и за реконструкција на зградата на Библиотеката од Краљево. За своите заслуги е носител на Националната награда во областа на библиотекарство во Р. Србија.
Предавањето е наменето првенствено за едукација на вкупниот библиотекарски кадар во нашата библиотека но  ги поканивме да присуствуваат и сите библиотекари од училишните библиотеки, Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и ФТУ – Охрид , а предавањето е отворено и за сите заинтересирани, стои во соопштението од Библиотеката.
Од Библиотеката соопштуваат дека поради стручното предавање одделот за зајмување утре – петок 14 октомври ќе работи само од 8.30 до 14 часот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.