“Локомотива” со повеќе настани слави 20 години работа

21
Во Скопје од 20.04 -23.04.2023 ќе се одржи настанот со наслов:
„Како работиме во (независната) сцена на изведувачки уметности?“ кој е средба на француската мрежа ONDA со локалната сцена на изведувачки уметности.
Овој настан и програма Локомотива во соработка со француска организација ONDA, како дел од својата интердисциплинарна програма, го организира и курира и вклучува изведби, разговори со уметници, дискусии и средби со цел да ја запознае македонската современа изведувачка уметност со 25 куратор(к)и и уметници од различни театри и фестивали во Франција.
 Француските куратор(к)и и уметници ќе имаат можност да се сретнат со уметниците и културните работници кај нас и да разговараат за актуелните изведби, процесите на развој на идеите, како и теми поврзани со работните услови, политиките и политиката во кои тие работат на локално и на меѓународно ниво, како се организирани просторите за изведувачки уметности, продукциските капацитети, дистрибуцијата на перформансите во земјава и на меѓународно ниво, а Локомотива ќе го отвори и прашањето- дали ни треба институција за современи изведувачки уметности?
За време на средбата во Скопје ќе бидат претставени следнивеперформанси кои ќе се изведуваат на англиски јазик:
„ГЛУМиЦИ“ [ACT(O)ReSses]– Артопија (20.04.2023, четврток,  од 21.00 –22.30 во МКЦ)
„Срам” [Shame] – REHEARSING FEMINIST FUTURES Performance Platform [ПРВО
ПА ЖЕНСКО Festival/Inc] (21.04.2023 петок, од 15.00 – 16.00 во PublicRoom)
„Ми треба ново тело” [I Need A New Body] – Локомотива, Скопјe
(21.04.2023 петок, 19:00 – 20.00 во МКЦ)
„Процес” [Process] интерактивен театарски перформанс – MI FILM &THEATRE. (22.04.2023, сабота од 11.00- 12.00 во МКЦ)
Како дел од програмата гостите ќе можат да следат неколку разговори низ прошетка до специфични делови во градот, како што се:Кич тура во Скопје (две групи) со Ивана Драгшиќ и Иван Менкиноски, Стариот и новиот дел на градот Скопје со Бојана Јанева Прошетка низ перформативни инсталации (Пошта, Железничка зграда и Универзална сала) со Филип Јовановски.
За време на дискусиите различни уметници и културни работници/ работнички од македонската независна сцена на изведувачки уметности, како и други претставници/претставнички од уметничката сцена ќе се сретнат со куратор(к)ите и уметниците ќе ја претстават својата работа, а ќе разговараат за работните услови во независната сцена на изведувачките уметности, како се организирани просторите, продукциските капацитети, дистрибуцијата на перформансите во земјава и на меѓународно ниво, дали ни треба институција за современи изведувачки уметности?
Повеќе за ОНДА:   ONDA – French Office for circulation in contemporary performing arts е француска организација основана во 1975 година и финансирана од француското Министерство за култура. Мисијата на Onda е да ја промовира и да ја поддржи дисеминацијата на современите изведувачки уметности од сите дисциплини, без разлика дали се работи за дела создадени во Франција или во странство.
За сезоната 2022-2023, Onda започна тематски циклус насловен “Соработување во контекст” во партнерство со Локомотива (Северна Македонија) и Qendra Multimédia (Косово), како и различни места и настани во Франција (Festival d’Automne à Paris, Théâtre Jean Vilar – Vitry-sur-Seine, Atelier de Paris / CDCN, Villette, Avant-Scène Cognac, Vaguement compétitifs). Циклусот, кој вклучува уметници, програмски работници/ работнички и истражувач(к)и, се состои од 3 средби- две во Франција (во Париз и во Коњак) и една во Скопје и Приштина. Овие средби служат како простори за размислување и дискусија за различни модалитети на соработка кои ја земаат предвид реалноста на нечиј контекст и начинот на кој секој контекст влијае врз создавањето, циркулацијата и рецепцијата на уметничките дела.
Третата и последна средба од овој циклус се одржува од 17-23 април во Приштина и Скопје, каде учесниците ќе се впуштат во различните контексти на овие два града, водени од знаењето и искуството на Qendra Multimedia (Косово) и Локомотива (Северна Македонија).
Програмата во Скопје се реализира со поддршка на ONDA и Министерството за култура на Република Северна Македонија, а во соработка со МКЦ и МОТ+. Реализацијата на програмата во Северна Македонија е поддржана од ONDA.
Интердисциплинарната програма на Локомотива е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Повеќе за програмата погледнете на веб страницата на Локомотива, на социјалните мрежи.
  /www.lokomotiva.org.mk/
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.