МКЦ: Почнува седмото издание на БУКСТАР – фестивал на европска литература

145

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со огромно задоволство го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „БоокСтар“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година во МКЦ.
Под слоганот „ГЕНРЕСИС“, Фестивалот оваа година ги поставува прашањата:
Дали ковид-19 е најопипливата апокалиптична форма на цивилизацијата досега? Вител во кој ќе исчезнуваме, дел по дел? Или сме исправени пред поглавје на повторно раѓање на човештвото? Втор ГЕНЕСИС? И како литературата ќе си го најде своето место во овие застрашувачки моменти? Ќе треба да најде автохтон дискурс, или судбината ѝ е веќе испишана? Нови ГЕНРЕС?
Европската литература како никогаш досега посегнува по своите деконструирани и раскршени крилја. Затоа, ќе мора да креира, реплицира, колекционира, конгруира. Тука, меѓу дискрепанцата на спротивставените жанрови во настанување или не-станување, се подига нов збор – ГЕНРЕСИС. Зборот беше почеток, може ли сега да биде – крај?
Различностите надвладуваат, па оваа година пред македонската публика со лично присуство во Скопје ќе бидат претставени дури девет автори:
•Катарина Винклер (Австрија)
Со романот „Модарнакит“ го сврте вниманието на книжевнатајавност, а учествувала и во театарски и филмски продукции.
•Влада Урошевиќ (Македонија) Еден е од најпродуктивните и најквалитетни македонски писатели.
•Огнен Спахиќ (Црна Гора) Наградуван автор, чии книги се преведени на десетинајазици.
•Сјон (Исланд) Исландскиромансиер и поет, кој е вистинскакнижевнаѕвезда во европската литература.
•Миодраг Мајиќ (Србија) познатиот двигател на промените во српското правосудство доаѓа во Скопје како автор на два врвни и омилениромани.
•Балсор Хоџа (Косово) Автор на неколку книги и познат и влијателен публицист.
•Марина Вујчиќ (Хрватска)
Подеднакво активна и во театарот и во книжевноста, моментално ја извршува функцијата директорка на драмата во Хрватскиот народен театар во Сплит.
•Софија Лундберј (Шведска)
Име што уште со романот „Црвениот адресар“ стана меѓународна сензација.
•МихаелаГашпар (Хрватска)
Нејзино примарно занимање била скулптурата, но подоцна се предава успешно само на литературата.
Во фокусот на фестивалот, како и секоја година, ќе бидат промоциите на нивните дела. Покрај овие настани од главната програма, организаторите најавуваат и тркалезна маса на тема „Превод/комуникација,/разбирање“, настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на Станислав Лем, книжевна дискусија на тема „Книжевни жанрови: систем или креативен хаос“, работилница за креативно пишување од страна на Сјон, книжевно читање „Ти реков, ми рече“, познатиот книжевен поткаст „Гол ручек“ во живо, Саем на европската литература и многу други содржини.
Влезот на сите фестивалски настани е бесплатен.
За време на фестивалот ќе бидат почитувани актуелните ковид-протоколи.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.