На Први Февруари ќе се изведе операта “Рита”

66

Kомична оперска претстава во еден чин ќе се одигра на Први февруари 2023 година, во 20 часот, на мала сцена на НОБ.
Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања, со комичен, среќен завршеток.
***

РИТА – Гаетано Доницети
Либрето: Густаво Ваез
Дејството се случува во Бергамо (Италија).
Рита е сопственичка на преноќиште и вдовица на Гаспаро, сопруг кој ја малтретирал и според нејзино сознание настрадал во бродолом.
Во меѓувреме Рита го запознава Бепе, човек кој многу и помогнал во гаснењето на пожарот во нејзината куќа и се мажи за него. Новиот сопруг е сосема различен од поранешниот Гаспаро.
Рита поттикната од претходното искуство, се наметнува во новиот брак, па дури и го малтретира Бепе, на ист начин како што ја малтретирал Гаспаро.
Одненадеж се појавува Гаспаро, кој го преживеал бродоломот и сега живее во Канада, каде што се стекнал со големо богатство. Тој се вратил во Бергамо за да добие потврда дека Рита не е жива за да може да склопи брак со вереницата во Канада.
Гаспаро доаѓа во преноќиштето на Рита и го наоѓа Бепе. Во меѓусебниот разговор, Гаспаро го учи Бепе како да се однесува со жените, но при покажување на личната карта на Гаспаро , Бепе сфаќа дека тој е „починатиот“ сопруг на Рита. Го моли да му помогне да се ослободи од малтретирањето на Рита.
Единствената цел на Гаспаро е да го добие документот дека бракот со Рита не важи и применува трик за реализација на својата идеја.
Се случува дуел помеѓу Гаспаро и Бепе, а победникот треба да продолжи да живее со Рита. Но Рита и Бепе ја откриваат измамата.
Гаспаро го добива бараниот документ, а Рита и Бепе продолжуваат да живеат во среќен брак, зашто Рита му ветува на Бепе дека нема повеќе да го малтретира.

***

Настапуваат:
Рита: Aна Ројдева
Бепе: Јане Дунимаглоски
Гаспаро: Ернес Ибраимовски
Бартоло: Борко Биџовски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Невена Георгиева

***
Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Трајко Јордановски
Асс.Режисер: Љупка Јакимовска
Сценограф / Костимограф: Марија Ветероска
Концерт мајстор: Игор Тодоров
Светло дизајн: Васко Лисичов
Корепетитор: Андреја Наунов, Јанинка Невчева, Елена Сиљаноска, Јордан Петрушевски

Сценограф / Костимограф: Марија Ветероска
Билетарница: 02 3118-451
онлајн: www.operabalet.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.