Недела на детски филмови во пет градови низ Македонија

821

Oд 22 октомври па се до средината на ноември, во пет градови низ Македонија ќе бидат прикажани три филмови за деца во рамките на проектот „Недела на детски филмови“ организиран по трет пат од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола. Недела на детски филмови започна  во Домот на културата во Македонски Брод со проекција на германскиот дестки филм „Помош, ги смалив родителите“ и продолжува денеска (24 октомври) со проекцијата на „Магичното огледало – двојна неволја“.

Недела на детски филм ќе има и во  Делчево, Гостивар, Пробиштип и Крива Паланка. Филмовите се наменети за деца од 4 до 14 години. Во соработка со дистрибутерската куќа „Узенгија“ избравме три филмови од поновата европска продукција:

– „Помош, ги смалив родителите“ (Германија) во режија на Тим Трагесер (2018, 93 мин.)

– „Магичното огледало – двојна неволја“ (Германија) во режија наМаркус Х. Розенмилер (2019, 90 мин.)

– „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ (Швајцарија) во режија на Мануел Флурин Хендри (2018, 90 мин.)

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.