петок 19 април, 2024
Почетна КУЛТУРА Светот на филмот Нов македонски филм – Почна снимањето на „Синиот час“

Нов македонски филм – Почна снимањето на „Синиот час“

442

„Синиот час“ е насловен краткометражниот филм по сценарио и во режија на Ана Јакимска кој почна да се снима вчера, во продукција на „Кавал филм“ и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм.

Филмот е приказна за девојка која доаѓа во главниот град од мало провинциско место со големи очекувања, надежи и соништа за иднината.

Улогите во филмот ги толкуваат Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф: Симо Бранов, костимограф: Жаклина Крстевска, композитор Тони Китановски, монтажер Горјан Атанасов, шминкер Жанета Димитриевска.

Продуцент на филмот e Роберт Јазаџиски од „Кавал филм“, а копродуценти се Дејан Крајчевски од „Круг филм“ и Павлина Проевска од „Филмс за нас“.

 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }