Нова книга-“Зборовите на безгласната девојка” од Ивана Јанева

1148

Авторката Јанева Ивана е родена на 19.07.1988 година во Скопје, а живее и твори во Пробиштип. Студент е на Филолошки факултет при УГД. Пасијата кон пишувањето и се раѓа уште во основно образование. Учествувала во разни драмски секции, конкурси и литературни натпревари. Во 2014 година прави своја ФБ фан страна “Зборовите на безгласната девојка” каде до сега брои околу 7.000 следбеници.

Во тек е публикацијата на нејзиното прво дело “Зборовите на безгласната девојка”. Не станува збор за роман, ниту за раскази бидејќи зад овие кратки текстови се кријат зборови, безгласни пораки кои вриштат од дно на душа. Инспирацијата ја црпи од својот, од животот на блиските, но и од луѓе кои се попатни странци. За себе вели дека е голем емпат. Човек кој лесно може да ги почувствува туѓите емоции, а уште полесно да допре до душата на читателот. Улогите што ги креира не често се самата таа. Дел од неа е: авантурист, дете, романтичар, воин, принцеза, херој, маж, волшебник, чудак, жена, пријател. Тоа се улоги што ги крие. Улоги кои сака да ги игра. Улоги кои ги играла и кои допрва ќе ги игра. Секоја нејзина приказна е базирана на делумна вистина. Вашата. Дозволете и на оваа безгласна девојка да Ве води низ кањоните на љубовта, храброста, тагата, среќата – преточени во моќни емоции заробени во зборови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.