Објавена дебитанска стихозбирка „ЛИРИЧНОСТ ОД ШЕКСПИРОВА“ од Ѓоре Ѓелев

703

„Македоника литера“ неодамна ја објави дебитантската поетска книга на Ѓоре Ѓелев со наслов – „Лиричност од Шекспирова“. Книгата содржи над четириесет песни. Поезијата е лирска, емотивна, искрена, има песни што потсетуваат на најдобрата традиција во македонската лирика, но и песни со свеж, смел и младешки израз и сензибилитет и авторска автентичност.

Ѓоре Ѓелев е роден во Велес. Тој е дипломиран инженер по системски софтвер и е вработен во индустријата за развој на софтвер. Живее во Скопје.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.