Објавена “Тежината на вториот чекор“ од младиот автор Ѓоре Ѓелев

38

Скопје, 15.03.2023

„Македоника литера“ неодамна ја публикуваше поетската книга „Тежината на вториот чекор“ од младиот автор Ѓоре Ѓелев. Книгата содржи педесет песни поделени во шест циклуси со мотивска палета од младешки лирски рефлексии до наративни и лирски опсервации на цивилизациски, универзални и хуманистички мотиви. Книгата е илустрирана со цртежи од старото кинеско сликарство.
Ѓоре Ѓелев е роден во Велес, а живее во Скопје. Тој е дипломиран инженер по системски софтвер и работи во индустријата за развој на софтвер, но негова преокупација се и пишаниот збор и уметноста. Пишува поезија, слика и вежба кинеска калиграфија.
„Тежината на вториот чекор“ е втора негова стихозбирка, претходно ја објави стихозбирката „Лиричност од Шекспирова“ (2020).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.