Омаж на Ацо Шопов, на 14 Март

42

Омаж на Ацо Шопов ќе се одржи на 14 Март во Музејот на македонската борба, од 13 часот. Во организација на Француски институт во Скопје. Оваа, 2023, е Година на Ацо Шопов. Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на стогодишнината од раѓањето на славниот македонски поет Ацо Шопов, што ќе се одбележи со низа настани во текот на 2023 година.
Чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН– УНЕСКО, којашто на иницијатива на Република Северна Македонија, ја поддржа годината во чест на Ацо Шопов и се вклучи во одбележувањето на јубилејот.
Програмата за чествување на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов предвидува и бројни културно- образовни содржини во текот на целата година– мултимедијална уметничка изложба, омаж на Шопов во рамки на филмскиот фестивал Флипбук, предавање и лекторски часови по литература посветени на делото на Шопов, меѓународно чествување во рамки на Струшките вечери на поезијата, гала претстава, промоција на неговите книги, публикации како и научни собири во негова чест.
Француски институт во Скопје го организира овој настан во чест на тоа што бил голем Франкофон и голем пријател на Франција.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.