Онлајн настан: “Родово заснованото насилство во медиумите: состојба, насоки, мониторинг”

243

Онлајн настан – “Родово заснованото насилство во медиумите: состојба, насоки, мониторинг” ќе се оддржи на ден 11.11.2021 година, со почеток во 11 часот.

На настанот ќе бидат презентирани „Водич за мониторинг на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за регулирање и мониторинг на примената на стандардите за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите” подготвен од Проектот “Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија – ЈУФРЕКС”, Истражување на медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово-базираното насилство, подготвено од Коалицијата Маргини/со поддршка на Хајнрик Бел Фондацијата и Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите, изработен од ХОПС/UN Women.

Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, заедно со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Коалицијата Маргини и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје,  се организатори на оваа заедничка промоција на платформата Bluejeans.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.