Во Скопје- Меѓународна балканска конференција за музичко – балетското образование

384

Меѓународна балканска конференција на тема „Состојби и перспективи во музичко – балетското образование“ ќе се одржи од денеска 22  до 25 октомври во Скопје во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“.

На конференцијата ќе се разгледуваат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко – балетска едукација. Ќе учествуваат музичко – балетското педагози од Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Англија, Бугарија, Косово и Македонија.

Меѓународна балканска конференција е реализира со поддршка на Министерството за култура и Министерството за образование и е дел  од активностите на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за одбележување на 75 годишниот јубилеј од основањето на училиштето.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.