За празникот Василица, Традиционален концерт – „Viva L’Opera“

21

На 12-ти (среда) и четврток 13-ти јануари по повод празникот Василица ќе се одржи традиционалниот концерт во Националната опера и балет.

Под диригенската палка  на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ и учество на хорот и оркестарот на НОБ, на концертот „Viva l’Opera“ ќе се изведуваат арии, дуети и хорски делници од опери и оперети од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман и Лехар.

Билети и повеќе информации може да се пронајдат тука.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.