Пина Бауш во Кинотека

42
На 27 април во 20 започнува проектот “Театар на платно”- соработка на компанија АртАктУм и Кинотеката на Македонија со претставата CAFÉ MÜLLER на легендарната Пина Бауш.
Претстава е снимена во 1985 година и во неа глуми и самата Пина Бауш. 
Овој четврток Артактум нуди ексклузивно да ја видите претставата на големо платно во Кинотеката.
По претставата ќе има разговор меѓу публиката и Искра Шукарова, кореограф и професор при ФМУ – УКИМ катедра за балетска педагогија;
Бранка Костиќ- Марковиќ, музиколог и уметнички раководител во НУ Танец; Искра Гешоска, програмска уредничка на Контрапункт и на КРИК – платформа за критичка  култура; -Сите заедно ќе се обидеме да ги разоткриеме метафорите на претставата  и ќе ги споделиме нашите доживувања и размислувања, вели Татјана Дешко, управител на АртАктУм
 
 
https://youtu.be/zzjq2F20h8k
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.