“Поол”, “Франкенштајн” и “Роденден” денес на 48. МОТ

39

15.11 2023

ФРАНКЕШТАЈН
18:00 Театар за деца и младинци
Автор: Мери Шели Режија Кокан Младеновиќ

Претставата им се обраќа на младите со цел да се запрашаат за оние ставови што им се наметнуваат од нивните родители, од училиштето, од општеството, а кои воопшто не се добри.
Претставата има за цел да ги истражува различните практики на дискриминација во општеството во кое живееме. Прашањето кој е и што е; што може да биде и кој сè може да биде „чудовиште“, а пред сè прашањето кој проценува и одредува дека другиот е чудовиштен – е темата на оваа наша претстава. Следејќи ги различните теориски и книжевни постапки од Франц Кафка па преку Пол Б. Пресијад и други, се занимававме со прашањето на давање слобода на говор на оние на кои инаку не им е дозволено да зборуваат во јавниот простор. Ако „чудовиштето“ проговори, што ќе ни каже? На кој начин и поради што, ние луѓето едни со други се означуваме со погрешни, неприфатливи и застрашувачки?
Играат:
Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски, Симона Спировска
Текст: Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан Николоски, Димитрије Коканов, Никола Наковски, Матеа Јанковска, Ангела Димитрова, Симона Спировска, Наташа Петровиќ, Бојан Кирковски, Ненад Митевски
Драматургија: Димитрије Коканов, Драгана Лукан Николоски
Сценографија: Кирил Василев
Костимографија: Александра Пециќ Младеновиќ
Композитор: Лука Кантарџиев
Текст за музика: Никола Ристески со актерите
Кореографија: Олга Панго
Фотографија и дизајн на плакат: Соња Ставрова Кирковски, Марија Мишева
Видеоматеријал: Емил Петро

ПООЛ
20:00 МКЦ Џебно кино
автор: Марк Рејвенхил, режија:Шенај Мандак
Претставата „Поол“, која е работена по мотиви на Марк Рејвенхил хипнотично ја разкажува приказната, но сурово ги распарчува лажните идеали разотркивајќи ја вистинската слика за уметниците, пријателството и љубомората, која се претвора во болна амбиција за успех. Во претставата се среќаваме со приказната за група уметници, кои се занимаваат со алтернативна уметност во боемскиот кварт. Но што се случува кога еден од групата се издвојува и постигнува виснински успех? Што прават оние што остануваат назад, во боемскиот кварт додека еден оди напред во големиот свет? Ликовите се доведени до состојба да се соочат со себеси и своите најголеми стравови, по што сосема се препуштаат на примитивниот инстинкт за преживување, управуван од страна на болната амбиција за успех, до тој степен што попатно се губат не само себеси, туку и сето она што е човечно во нив, она што ги прави да бидат луѓе.
Играат:
Несрин Таир, Стефанија Начевска, Метин Ибрахим, Хакан Даци, Ебру Мусли
Продукција: Тадеа Павловска
Копродукција: Артопија, MОТ фестивал
Драматург: Бенну Мусли
Превод на турски јазик: Бенну Мусли
Превод на македонски јазик: Марио Стојаноски
Костимограф: Ивана Секулоска
Сценограф: Ивана Секулоска, Џејда Ибрахим
Композитор: Лука Јанкулоски
Тон: Емрах Џемаил
Дизајн на плакат: Бурџу Мусли
Трејлер: Мурат Жерка, Генц Халими

РОДЕНДЕН
22:00 МКЦ сцена Фросина
автор: Харолд Пинтер режија; Васил Христов

Театарска претстава со психолошки карактер, која воведува нов филмски јазик на режија и глума, кој ќе ја зачуди публиката.
„Роденден“ (1957) и ден денес сè уште стои како доказ за Пинтеровата непоколеблива посветеност кон истражувањето и откривањето на скриените аспекти и двосмисленоста на човековата природа.
Во ова дело, неговиот уникатен стил на дијалог ја прикажува моќта на јазичната манипулација и процесот на вербална лоботомија. Манипулацијата со зборови станува оружје, бидејќи јазикот се користи за контрола и доминација. На тој начин, Пинтер ги крши рамките на театарскиот традиционализам и ја прикажува кревкоста на човечката комуникација.
Хуманизмот, пацифизмот и правдољубието на Пинтер се очигледни во неговиот децениски незапирлив политички активизам и непоколеблива посветеност на разоткривањето на општествените неправди.
Играат:
Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов- Ѓаурски, Валентина Ѓоргиевска, Владимир Тулиев, Стефанија Митовска, Даријан Петров
Драматургија: Габриела Коцева-Тулиев
Костимографија: Марија Ќертакова
Раководител на сцена и тон мајстор: Ѓорѓи Чапов
Светло мајстор: Методи Саздов
Суфлер: Лидија Рогожарова
Дизајн на плакат: Денко Матевски
Фотографија на плакат: Димитар Влахов

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.