Почетна Литература Licentia poetica Познати наградите од конкурсот “Среќа”

Познати наградите од конкурсот “Среќа”

20

По повод традиционалната манифестација „Месец на книгата“ неодамна НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс на тема: „Среќа“ наменет за учениците од основните училишта во општините Охрид и Дебрца.
Комисијата во состав: Христина Трпеска– библиотекар, Бети Лазеска Симоноска– библиотекар и м-р Мариче Боздоганова– библиотекар советник ги разгледа околу триесетината пристигнати трудови на конкурсот и одлучи наградите да бидат доделени посебно за прозен состав и посебно за поетска творба. Според Комисијата секоја творба имаше свој личен печат што зборува за креативноста на младите творци и дава надеж дека еден ден од нив ќе имаме нови автори кои за почеток ќе ја збогатат нашата роднокрајна збирка.
Комисијата првата награда од прозните состави ја додели на шифрата: 060610; втората на трудот под шифра: 09062009 и третата награда за расказот под шифра: Пчелка.
Првата награда од поетските творби и’ припадна на шифрата: Ученик 21; втората награда оди кај шифрата: Сонце и третата награда и’ припадна на шифрата: Семејство.
Наградите ќе бидат доделени во четврток на 7 декември во 12 часот на посебна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
На настанот, велат од Библиотеката поканети се и учениците кои не добија награда а беа дел од конкурсот.

metropolis-big