Презентација на Водичот за обучувачи – Развивање вештини за медиумска писменост

14

Институтот за комуникациски студии (ИКС) Ве поканува на презентацијата на Водичот за обучувачи – Развивање вештини за медиумска писменост што ќе се одржи на 26 октомври (четврток) од 10 до 12 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).
На презентацијата, ИКС ќе го пренесе искуството од имплементирањето на овој модел и водич во средното училиште „Никола Карев“, под водство на професорката Снежана Станкова, и ќе изнесе препораки за сите едукатори заинтересирани за спроведување на слични образовни активности за своите целни публики.
Водичот е изработен во рамки на проектот Инклузивно и креативно медиумско образование, спроведуван во партнерство со KAVI (Финска) и Универзитетот во Фиренца (Италија). ИКС го изработи овој документ со цел да биде практичен водич за секој што сака да спроведува програми за медиумска писменост, без разлика дали станува збор за училиште или граѓанска организација.
Настанот ќе се одржи во рамки на Деновите на медиумската писменост 2023.
Финансирано од Европската Унија. Изразените ставови и мислења се на авторите и не секогаш ги одразуваат мислењата на Европската Унија и Европската извршна агенција за образование и култура (ЕИАОК). Ниту Европската Унија ниту ЕИАОК не ја сносат одговорноста за нив.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.