Прогласени победниците на тринаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

22

Скопје, 26.11.2022 – Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот
анимиран филм „Со негова милост“, додека Бронзената Тулa ја доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк се Хонг.
За најдобар филм за деца беше награден македонскиот филм „Маја Новак“ од авторката Миа Панов, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика кои во најголем
број гласаа за овој филм.
Жири комисијата која одлучуваше за наградите беше во состав на Владимир Ангелов, Сашка Андреевска и Горјан Гишев.
Анимакс Скопје Фест е во организација на продукциската куќа Аурипигмент од Скопје, а е со поддршка на Град Скопје, во соработка со Кинотека на С. Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.