„Севилскиот бербер“ на 2 март

20

На 2 март 2024 година со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценограф е Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор- мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, во улогата на Розина, Биљана Јосифов, во улогата на Гроф Алмавива ќе настапи гостинот од Италија, Роберто Јачини Вергилиј, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Марко Димовски, Камениот човек: Борко Биџовски, чембало: Елена Сиљаноска во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.